Некатегоризирано 15. октомври 2019. / 19:16

Македонија не доби датум за почеток на преговорите со ЕУ

Македонија не доби датум за почеток на преговорите со ЕУ

Советот на министри на Европската Унија не донесе одлука за одредување датум за почеток на преговорите со Македонија за влез во Унијата. По ваквиот равој на министерскиот совет, ова прашање се префрла шефовите на држави и влади на ЕУ, кои ќе имаат состанок в четвток и в петок во Брисел.

Главни пречки за отворање на преговорите со двете држави беа Франција и Холандија, при што Франција стави на знаење дека не прифаќа преговори ниту со една од нив, барајќи претходна измена на методологијата на пристапните преговори и дополнителен извештај на Европската комисија за реформите во Скопје и во Тирана.

Во пракса, тој став би можел да значи одложување на одлуката за преговорите најмалку до средината на следната година, а можеби и подолго.

Конечната одлука за тоа ќе треба да ја донесат лидерите на ЕУ, на самитот што ќе се одржи на крајот на неделава во Брисел.