Осумтемина независни пратеници поднеле 300 амандмани за Законот за јавно обвинителство, дознава Република. Со ваквата бројка на поднесени амадмани, шансите за носење на Законот до утревечер се речиси невозможни со оглед дека не може да се разгледаат за еден ден.
Порталот пренесува дека целта на ова е или да не се донесе Законот или да се одложи носењето на истиот со цел одлагање на изборите.
Според изворите на Република со кои разговарале, велат дека постои реален сомнеж дека се работи за договор меѓу независните и власта за свесно одложување на изборите кои се закажани за 12 април, од причина што анкетите за рејтинг на партиите јасно кажуваат дека СДСМ би доживеала пораз на овие избори.
Извори на Република тврдат дека со независните за амандманите преговата Дамјан Манчевски.