Македонија 02. октомври 2019. / 09:48

Независниот полициски синдикат протестира низ цела Македонија

Независниот полициски синдикат протестира низ цела Македонија

Враќање на достоинството на полицијата е мотото под кое Независниот синдикат на полиција денес го одржува вториот протест. Низ цела Македонија се блокираат раскрсници, а со протестот сакаат да ги алармираат надлежните за лошите услови за работа на полицајците и на затворската полиција.

Нашите барања се повисока плата за 25 отсто, почнувајќи од месец октомври 2019, Колективен договор во Шумска и Затворската полиција. Бараме повисока плата оти месечниот пораст на трошоците за живот изнесува над 5% во последните три месеци и други барања, истакнаа на протестот во понеделникот од Независниот синдикат.