Македонија 12. март 2021. / 19:31

Неправда кон уметницата од највисок уметнички калибар

Неправда кон уметницата од највисок уметнички калибар

Во јавноста денеска се покрена прашањето зошто на евровизискиот спот за македонскиот претставник за песната на Евровизија се појавуваат боите на бугарското знаме.

Одговорот е во делото на Жанета Вангели “Омаж на Андреј Рубљов” од 1995 создадено во комбинирана техника на иверка со големина од 210х275 сантиметри.

Сликата на истакнатата македонска уметница Вангели е дел од Постојаната поставка на Националната галерија на Македонија, изложена во објектот Даут-пашин амам.

Сликата која наликува на вертикално поставено бугарско знаме влегла во кадарот од спотот за евровизиската песна по што дел од јавноста почна да се прашува што бараат националните бои на Бугарија и да се поврзуваат со политичките односи во земјава, со што всушност беше направена голема неправда кон уметницата од највисок уметнички калибар

Жанета Вангели
Омаж на Андреј Рубљов, 1995
Комбинирана техника на иверка, 210х275 см

Сликата е дел од Постојаната поставка на Националната галерија на Македонија, изложена во објектот Даут-пашин амам

Posted by Национална Галерија – National Gallery – Galeria Nacionale on Monday, April 9, 2018