Македонија 23. ноември 2018. / 18:47

Неопходна е поголема контрола на прислушувањето

Неопходна е поголема контрола на прислушувањето

Опозицијата треба да добие поголем простор во парламентарната контрола врз разознавањето и прислушкувањето, но тоа, таа треба да го прави одговорно и без мешање на дневната полититка. Претседателот на Комисијата за надзор над Пи мерките и пратеник на ВМРО ДПМНЕ Емил Димитриев, даде одредени насоки за тоа како треба да се одвива собраниската контрола врз безбедносните системи.

-Формирањето на Граѓанскиот совет за надзор, тело кое е надвор од Парламентот, но кое со својата работа е тесно поврзано со Собранието, е една од новините во новиот закон за следење на комуникациите информираше претседателот на Собранието.

Следните шест до седум месеци се суштински за иднината на земјава, и поради тоа извршната, законодавната и судската власт мора активно да се вклучат во реформите на системот за разузнавање, истакнаа меѓународните претставници претставници.

Собранието денеска расправаше за своите контролни механизми врз функционирањето на разузнавачките служби, по препораките на Прибе