Одговори на новинарски прашања на Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Прашање, новинар: Коментар околу концептот на Филипче за квалитетни вакцини?
Одговор: Станува збор за злоупотреба во најверојатно политички цели на процесот на вакцинација. Би требало да се покаже дека процесот на вакцинација ниту ќе се подобри доколку нешто се оствари, ниту ќе биде полошо. Во моментот вакцините кои што се користат, јас верувам дека се добри и не верувам дека доколку се оствари некакво политичко ветување односно некаква политичка цел заради која што се направи таа кампања, имаме по социјални медиуми, дека ќе имаме подобри вакцини.
И доколку некој сака да има подобри вакцини односно подобар процес на вакцинација, многу е важно тој да не се злоупотребува и да не се користи за политички цели и доколку нешто треба да се подобри тоа може да се направи сега и веднаш, а не да се чека некаков период или некакво ветување кое што ќе дојде за 10 години.