Дека нема потреба од вонредна состојба смета и премиерот Зоран Заев, кој изрази загриженост бидејќи се уште нема можност Собранието ако треба да работи онлјан
Нема потреба од воведување нова вонредна состојба, кога имаме функционален парламент, порача претседателот на државата Стево Пендаровски, по седницата на Советот за безбедност.
Пендаровски рече дека ова прашање не било отворено на денешната седница и дека не верува оти прогласување на вонредна состојба може да има поголем ефект во борбата со ковид-19.
„Примарниот мотив за прогласување вонредна состојба беше владата да може да носи одлуки, а сега имаме функционално Собрание кое може да носи мерки како оние што ги донесоа вчера. Нема никаква причина да се натегаме околу тоа дали треба или не треба вонредна состојба. И денеска да се декларира вонредна состојба нема да се смени проблемот. Само по себе не врши работа. Слични забуни имаше и за полицискиот час. Дека треба вонредна состојба за да има полициски час. Ако врши работа вонредната состојба во однос на ковид-19, еве ќе покренам иницијатива и Собранието ќе ја изгласа. Ама не сум сигурен дека воопшто има корелација едно со друго и дека ќе бидеме поуспешни“,рече Пендаровски.