Во Македонија нема нови заразени пациенти, а од болница веќе е пуштена дома и првата пациентка кај која беше потврден корона вирусот.
Како што информира министерот за здарвство, Венко Филипче, нејзината клиничка слика е сосема добра, контролната слика на белите дробови покажала дека нема големи последици. Тестирани се и сите што биле во контакт со неа и тие се негативни.
Состојбата на сите други 18 пациенти, од кои 13 се на на инфективната клиника е непроменета. Меѓу нив е пациентката што е на респираторна машина, која е во стабилна сосотјба.
Добра, односно сосем лесна е клиничката слика на пациентите што се наоѓаат во Дебар и тие се на домашно лекување.