Сe одложи самитот на Европската унија, закажан за 26 и 27 март, на кој требаше да се разговара за датум за преговори. Ова е една од петте одлуки која членовите на Европскиот совет ја донесоа по видео-конференцијата посветена на состојбата со корона вирусот.
Останатите препораки се однесуваат на мерките кои се преземени за ограничување на ширењето на вирусот, обезбедувањето на медицинска опрема, истражување и развивање вакцина, справување со социо-економските последици.
– Земјите-членки и институциите да ги следат препораките веднаш на сите нивоа. Членовите на Европскиот совет ќе се вратат на ова прашање на видео конференција следната недела. Обичниот Европски совет закажан за 26-27 март ќе биде одложен за подоцнежен датум, стои во известувањето од Европскиот совет.