Македонија 14. април 2020. / 13:01

Нелоски: Шилегов ја уништува старата Скопска чаршија, душата на Скопје

Нелоски: Шилегов ја уништува старата Скопска чаршија, душата на Скопје

По бурата реакции во јавноста и големиот број реакции на граѓаните за отстранувањето на калдрмата од старата Скопска чќаршија, со свој став излезе и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски.

Тој истакнува дека градоначалникиот на Скопје, Петре Шилегов, не прави практично ништо од тоа што го најавувал пред избори, но затоа, пак, сега дозволува уништување на Скопската чаршија, којашто е душата на главниот град.

„Велат слушај ме што зборам не глeдај ме што правам, еве што Петре збореше пред избори:

 Нормални приоди и пристапи до изградба на нови паркинг места во околината на чаршијата

 Отварање на скопската тврдина за граѓаните и туристите

 Уредување на просторот во и околу Бит-пазар

Што прави денес:

 Уништување на душата на Скопје,старата Скопска чаршија има која преку 600 години историја во себе! – реагира Нелоски.