СДСМ и Зоран Заев дојдоа на власт со лажни ветувања и манипулации на смртни случаи, рече денеска членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, кој имаше жестока дебара со лидерот на младината на СДСМ и директор на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски, во емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“
-Има ли правда за Мартин Нешковски? Нема, за жал. А, освен што нема правда, за жал, нема ни мир за неговите родители, бидејќи убиецот не е позади решетките. Заев се сликаше со убиецот на Нешковски, а сега е и пребеган во друга држава и нема правда, рече Нелоски.
Нелоски потсети и дека СДСМ вети дека ќе има правда и дека ќе ги фати убијците кај Смилковски езеро.
-Сега имаме ситуација да тие луѓе се на слобода. СДСМ им ветуваше и на родителите на жртвите од Смилковско и ја искористи нивната смрт за да дојде на власт, рече Нелоси.