Македонија 19. мај 2020. / 18:07

Неколкумина вработени во МВР се позитивни на коронавирус

Неколкумина вработени во МВР се позитивни на коронавирус

Неколкумина вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР) се позитивни на коронавирусот, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Денеска пристигна информација дека во една од единиците во МВР има заболени со ковид-19. Нивните првични контакти се веќе анализирани и издадени се решенија за изолација. Преземени се сите мерки од страна на епидемиолозите – рече Филипче, но не прецизираше колку точно полицајци се заразени.