Македонија 10. декември 2020. / 14:45

Негователка позитивна на Ковид-19: Во изолација 12 деца и двајца вработени во кавадаречка градинка

Негователка позитивна на Ковид-19: Во изолација 12 деца и двајца вработени во кавадаречка градинка

Уште една негувателка е позитивна на Ковид-19, во изолација се  12 деца, како и двајца вработени во кавадаречка градинка, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Тој информирара дека позитивни на вирусот се и двајца здравствени работници од Кавадарци, а починало едно лице на 64 години.

Во изминатите 24 часа биле регистрирани 36 позитивни случаи во регионот, на возраст од 19 до 83 години. Во Кавадарци 24, а 7 во Неготино, 3 во Демир Капија и 2 случаја во Росоман.

Се утврдуваат нивните контакти, со цел да се изолираат.