Македонија 30. март 2020. / 22:48

Негативни се тестовите за Ковид-19 на семејството на докторот од Битола

Негативни се тестовите за Ковид-19 на семејството на докторот од Битола

Негативни се тестовите на семејството Трпчевски од Битола. Болницата „Плодност“ на својата „Фејсбук “страница објави дека сите пет резултати кои пристигнале вечерва, а беа земени во саботата, се негативни  и сите се во добро здравје.

Минатиот понеделник, пред една недела, кај д-р Христијан Трпчевски, тестот беше негативен. Во петокот позитивен, а во саботата, кога сите се тестиравме, повторно негативен. Дали д-р Христијан Трпчевски имаше или немаше корона вирус, останува отворено прашање, за кое медицината треба да одговори. Иако фамилијарно сите сме лекари, немаме одговор на оваа состојба, стои во објавата.