Македонија 29. февруари 2020. / 15:19

Негативни се резултатите од испитувањата кај жената што се вратила од Италија на 26 февруари

Негативни се резултатите од испитувањата кај жената што се вратила од Италија на 26 февруари

Министерството за здравство информира дека сец негативни резултатите од испитувањата за корона вирус кај пациентката која утрово се јавила со знаци на респираторна инфекција на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Пациентката патувала во критичниот регион на Северна Италија и во земјава влегла на 26 февруари.

Засега нема нов случај на заразен со корона вирус. Единствената пациентка којашто се лечи на инфективната клиника е во добра општа состојба.

Продолжуваме редовно да ја информираме јавноста. Нема простор за паника. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките – соопштуваат од ресорното министерство.

По повод оваа информација, на Фејсбук се огласи и министерот за здравство, Венко Филипче.

Негативни се резултатите на корона вирус кај пациентката која утрово се јавила со знаци на респираторна инфекција на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Пациентката патувала во критичниот регион на Северна Италија и влегла на 26 февруари во земјава.

Засега нема нов случај на заразен со корона вирус. Единствената пациентка којашто се лечи на инфективната клиника е во добра општа состојба. Продолжуваме редовно да ја информираме јавноста – напиша Филипче на Фејсбук.