-Џабе доаѓате, кај чинарот ќе се гради. Договорено е со Зоран Заев и Костадин Георгиевски. – со овие зборови инвеститорот Нефи Усеини (советник на ДУИ во Општина Охрид и инвеститор на дивоградбата кај Чинарот) вчера им се обратил на инспекторите и обвинителот кој отишле на лице место за да ја стопираат дивоградбата.
Усеини гради дивоградба крај 1000 годишниот чинар, но и покрај незаконитото градење, очигледно има поддршка од премиерот Зоран Заев но и од В.Д градоначалникот на Охрид и кандидат на СДСМ за локалните избори, Костадин Георгиевски.
За инцидентот со обвинителот и инспекторите, Охридското МВР вчера излезе и со официјален став.
Според МВР, инвеститорот на дивоградбата кај Чинарот и советник во Општина Охрид, Нефи Усеини од ДУИ, вербално нападнал инспектор од Скопје, кој сакал да изврши инспекциски надзор на дивоградбата кај Чинарот.
Во вторникот попладнетo во СВР Охрид, лицето Р.К. (39) од Скопје, кој е инспектор за културно наследство од Управата за заштита на културното наследство при Министерството за култура, пријави нарушен ред и мир на плоштадот Крушевска Република, извршен од Н.У. од Охрид, велат од СВР Охрид.
Според пријавеното, Усеини вербално реагирал на вонредниот инспекциски Од охридската полиција велат дека советникот во Општина Охрид од редовите на ДУИ е повикан на разговор, а по комплетирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дивоградбата кај Чинарот за која Усеини нема потребни дозволи, кои треба да бидат издадени од Општина Охрид, и по еден месец од решението за уривање, остана недопрена од надлежните служби. Општината на 25 март донесе решение за уривање на дивоградбата кај Чинарот и му даде рок од 10 дена на сопственикот сам да ја урне. Речиси еден месец по донесувањето на решението, ниту сопственикот на терасата сам ја урна ниту Општината уриваше.
Инаку, Усеини е во блиски односи со премиерот Заев, што му дава “криља” вака незаконски да гради на локација која е културно наследство за Охрид. Тој, со премиерот се сретна при неговата посета на Охрид, за разлика од лидерот на опозицијата Мицкоски, кои се среќаваше со младите.
Објектот чиј инвеститор е Усеини се појави за време на викендотот на 9 и 10 март кога градежни работници со багери и хилти ја урнаа старата платформа и почнаа да градат нова. Сите градежни активности беа нелегални, но инспекцијата на терен излезе десет дена подоцна.
Освен овој објект, се чини во Охрид не важи законот и кога е во прашање изградбата на минарето. И покрај времената мерка со која се стопираше изградбата на минарето на Али Пашината џамијата во Охрид, помеѓу двата изборни кругови на изборите, интензивно се гради.
“Лидер” дознава, дека поради политички договор за албански гласови, В.Д. градоначалникот на Охрид и кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ Константин Георгиевски – дозволува минарето да се гради.
Во текот на целиот ден се обуваме да стапиме во контакт со Георгиевски, но тој одбива и не одговара на нашите телефонски повици. Георгиевски сакавме да го прашаме зошто и покрај времената мерка, но и ветувањето дека изградбата на дивоградбата ќе се стопира кое го даде премиерот Заев, изградбата продолжува а општината која ја води не реагира.
Според тврдењата на извори блиски до Георгиевски, кои тој не сака преку изјава да ги демантира, тој се испазарил и дозволува против законски да се гради минарето а за возврат да добие гласови од локалното муслиманско население.
-СДСМ директно застанува против интересите на охриѓани со тоа што Константин дозволува оваа дивоградба да се гради. Погледнете го видеото, ова е снимено вчера. – вели за “Лидер”, разочаран партиски активист на владејачката СДСМ од Охрид, кој ни достави и видео.
Се обидовме да стапиме и со претставници на ИВЗ од Охрид, но секретарот Газменд не сакаше да ни одговори зошто дивоградбата се гради. Само не пренасочи повеќе информации да побараме од реисот Сулејман Реџепи.
-Не сум во Охрид. – ни рече имамот Газменд,
Инаку, премиерот Зоран Заев пред скоро еден месец, при посета на Охрид на граѓаните им вети дека ќе се стопира изградбата на минарето додека не се расветли случајот. Датумот за изнаоѓање решение беше “по 5ти мај”. Но, очигледно и тој како и одговорниот Костадин Георгиевски, предизборно, заборавил на ветувањето.