За разлика од училиштата, поради зголемување на бројот на заразени здравствените власти препорачаа во земјава повторно да се воведе полициски час.
Состојбата во училиштата е стабилна, рече денеска министерката за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се размислува за нови мерки во училиштата со оглед на зголемениот број случаи со Ковид-19.
– Состојбата во училиштата е стабилна. Со физичко активно присуство, според последниот случај, има некаде 35 ученици и околу 60 наставници, што е многу помалку од крајот на првото полугодие и сите протоколи се спроведуваат. Немаме интерно ширење на болеста, стабилно е, засега не се размислува за поинакви мерки во училиштата, рече Царовска.
Засега, додаде таа, не се размислува за понакви мерки во училиштата.
За разлика од училиштата, каде што министерката уверува дека состојбата е стабилна, поради зголемување на бројот на заразени на ниво на држава, во последните десетина дена здравствените власти препорачаа во земјава повторно да се воведе полициски час.
Предлогот е тој да за започне од утре и да трае две недели во периодот од 22 до 5 часот.
За овој предлог Владата треба да одлучи на денешната седница.