Македонија 29. мај 2018. / 17:32

Не патувајте утре за Грција – три грчки гранични премини ќе бидат затворени

Не патувајте утре за Грција – три грчки гранични премини ќе бидат затворени
Tabanovce

Од ноќеска на полноќ 24 часа ќе биде во прекин сообраќајот на граничниот премин Меџитлија поради штрајк на грчките цариници. Додека на граничниот премин Стар Дојран прекинот ќе биде од 5 часот утре до 5 часот на 31 мај, а на ГП Богородица од 7 часот утре до 7 часот наредниот ден.

Како што соопшти МВР, грчките гранични полициски служби известиле дека поради најавениот штрајк на грчките царински работници во текот на утрешниот ден сообраќајот на граничните премини со оваа соседна земја ќе биде во застој.

Според добиеното известување, на грчкиот дел од премините ќе биде во прекин целокупниот сообраќај за патнички и товарни возила, како и автобуси, а ќе бидат пропуштени патнички возила само во одредени исклучителни, односно итни случаи.

Од МВР информираат дека по неколкунеделниот прекин на сообраќајот на магистралниот пат Скопје-Приштина на потегот од Хани Елези – Качаник, поради градежни зафати, од денеска оваа делница е пуштена за сообраќај