Утрово на Фејсбук се огласи Антонио Милошоски кој вели дека заедно со неговите колеги ќе го блокира предлог-законот надворешни работи, каде за амбасадор се дозволува да има и друго државјанство, освен македонско.
Милошоски преку неговиот Фејсбук статус објаснува која е причината за која ќе поднесат 300 амандмани и ќе го блокираат овој закон.
– Прво, затоа што измената е произволна и претставува обид законот да се прилагоди на неколку персонални решенија на владините партнери за пополнување на амбасадорски позиции.
– Второ, овие измени се спротивни на Законот за класифицирани информации според кој неопходен предуслов за кандидатот за амбасадор да добие “безбедносен сертификат со степен Државна тајна” е да не е државјанин и на друга држава, а амбасадор без безбедносен сертификат не е амбасадор.
– Трето, затоа што дипломатијата, како и безбедноста, е сензитивна професија каде лојалноста кон матичната држава Македонија не смее да биде доведена под знак прашалник, пишува Милошоски на неговиот Фејсбук профил.
📢 Заедно со колеги пратеници ќе го блокираме предлог Зак.надворешни работи, каде за амбасадор се дозволува да има и…
Posted by Antonio Miloshoski on Saturday, 19 December 2020