Директорката на Инфективната клиника, доктор Милена Стевановиќ информира дека на Клиниката, за жал, не е спасен ниту еден пациент којшто бил на респиратор.
Оттука, препораката на светските центри кои имаат огромен број искуства и кои ги лекувале пациентите со механичка вентилација, се овој тип на третман да биде последниот обид во лекувањето.
Не, за жал, не успеавме да извадиме пациенти од респиратор. И покрај тоа што кај повеќе пациенти кај кои практично беше санирано дишењето и беа ставени на спонтан режим на дишење, се случија други компликации поради кои пациентите завршија со смртен исход. Оттука, сметавме дека подобар е нашиот успех во работењето каде што механичката вентилација ќе биде како последен обид во третманите. Денеска, тоа е всушност и препорака од светските центри кои имаат голем број искуства и кои ги лекувале пациентите на механичка вентилација – вели доктор Стевановиќ.