Македонија 26. јуни 2019. / 16:11

НДП најави напуштање на Владата на Заев

НДП најави напуштање на Владата на Заев

Весел Мемеди, претседател на НДП и потпретседател на Собранието најави оставка на функцијата потпретседател, поради реконструкцијата на Заев со која на оваа партија ѝ беше одземен ресорот Локална самоуправа.

Изреволтиран Мемеди денеска рече дека не може да се пазарува со премиерот за Министерството за локална самуправа. Според него ова министерство му припаѓа на Албанците. Мемеди побара од Заев да го повлече предлогот за разрешување на нивниот министер, а ДУИ да не гласа за истиот предлог.

Немам мандат да го дадам ова министерство на СДСМ. Немам морално право да го жртвувам министерот Сухејл Фазлиу, зад кој стои национална и верска елита, рече Мемеди.

Тој додаде дека позициите не се важни за НДП и рече дека освен Собранието, оваа партија ќе ја напушти и извршната власт. Со предложената владина реконструкција на Заев, за нов министер за локална самоуправа е предложен претседателот на ЛДП, Горан Милевски.