Македонија 12. јануари 2021. / 14:47

Назначени 10 нови претседатели на општински организации во СДСМ

Назначени 10 нови претседатели на општински организации во СДСМ

Со новиот начин на работа, СДСМ за првпат воведе мониторинг систем врз работата на Општинските организации и мерит систем, велат од партијата,.

Оттаму додаваат дека по спроведената системска евалуација, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во координација со генералниот секретар Љупчо Николовски и ракодовството на партијата, назначија претседатели на 10 општински организации на СДСМ:

Во Гостивар за претседател на Општинската организација на СДСМ е избран Станиша Матески.

Во Новаци – Наумче Смилевски

Во Желино – Аднан Демири

Во Росоман – Анета Јоновска Љубенова

Во Сопиште – Далибор Богдановски

Во Ѓорче Петров- Костадин Ацевски

Во Демир Хисар – Николче Димитријовски

Во Јегуновце – Александар Стефановиќ

Во Студеничани – Елвира Мелиќ

СДСМ победува и се менува и затоа довербата и поддршката од граѓаните постојано растат. А расте и мрежата на СДСМ. Веќе се формирани нови општински организации на СДСМ во општините Желино и Липково. Со тоа СДСМ е единствена партија во земјава која има локална организација во сите општини во државата, се вели во соопштението од партијата.

Додаваат дека СДСМ е партија којашто е блиска до граѓаните и работи во интерес на граѓаните.

Партија која постојано се менува, унапредува и прераснува во отворена, максимално демократска, модерна, разнолика, партија која за прв пат воведува нови концепти и нов начини на функционирање и делување, велат од СДСМ.