Исходот од консултативниот референдум нема да биде задолжителен за одлуката што би ја донел надлежниот орган, во овој случај Собранието, смета аналитичарот Насер Зибери, во изјава за Алсат.
Зибери повторува дека референдумот не беше задолжителен во договорот постигнат со Грција, туку официјално Скопје го организира доброволно.
– Референдумот не е задолжителен и не е составен елемент од самиот договор. Член 1 точка 4 вели дека договорот ќе стапи во сила по ратификацијата во двата парламента и откако Република Македонија ќе ги донесе уставните измени. Што значи дека конститутивните елементи за стапување во сила на договорот со Грција се ратификување на законот за договорот и уставните измени. Нашата страна доброволно соопшти дека сака да организира референдум кој ќе биде консултативен врз основа на одлуката на Собранието. Тоа значи дека нема да биде задолжителна за одлуката што ќе ја донесе надлежниот орган, во овој случај Собранието на Македонија, било за стапување во сила на законот или за ратификацијата на договорот, или пак уставните измени што произлегуваат од договорот со Грција – вели правникот и поранешен пратеник Насер Зибери.