Македонија 19. август 2020. / 13:43

Напредуваме: Тетовчани преку интернет ќе може да ги плаќаат комуналните сметки

Напредуваме: Тетовчани преку интернет ќе може да ги плаќаат комуналните сметки

Јавното комунално претријатие „Тетово“ од вчера има нова верзија на своја веб страница на која може преку интернет да се плаќаат комуналните сметки, како и да се оствари комуникација со вработените за други работи.

Покрај електронското плаќање, веб страницата на претпријатието нуди можност за аплицирање за нов приклучок, за поднесувања на барања и жалби во врска со услугите што ги нуди нашето претпријатие, соопштија од ЈКП „Тетово“.

Плаќањето на сметките е овозможено со внесување на податоци и бројки од банкарска картичка на лицето што плаќа. Воедно плаќачот треба да ги наведе бројот на сметката и шифрата, е-маил адреса и слично.

Веб страницата на ЈКП „Тетово“ е на македонски и албански јазик. Делот на македонски јазик има голем број граматички, морфолошки и правописни грешки.