Македонија 14. ноември 2019. / 09:46

Нaпaднaти тројца новинари кои се критичари на влacта

Нaпaднaти тројца новинари кои се критичари на влacта

Вечерва околу 02.00 часот по полноќ, од поголема група од седум до осум лица биле нападнати новинарите Љупчо Цветановски, Дејан Андоновиќ и Петар Серафимовски.

Љупчо Цветановски е новинар во телевизијата „Алфа“, Дејан Андоновиќ работеше во Сител Телевизија/Радио Слободна Македонија/1 ТВ, додека Петар Серафимовски својата професија ја практицира во Македонско Радио.

Тројцата биле нападнати на излегување од угостителскиот објект „Александрија“, по што од група од седум до осум лица, без повод и причина, ниту пак претходна расправија биле нападнати. Мотивите и идентитетот на напаѓачите засега се непознати.

Случајот е пријавен во полиција. Минатата недела пак, нападнат беше и новинарот Саше Димовски додека седел во кафуле. Димовски е уредник на порталот Сведок.мк и се занимава со аферите и скандалите во судството.