Македонија 24. септември 2018. / 15:05

Нано Ружин за Лидер: ВМРО-ДПМНЕ и Иванов треба да сносат одговорност ако не успее референдумот

Нано Ружин за Лидер: ВМРО-ДПМНЕ и Иванов треба да сносат одговорност ако не успее референдумот

Македонскиот политичар, дипломат, универзитетски професор и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО, Нано Ружин, во интервју за „Економски Лидер”, предвидува три сценарија, кој што би можеле да се случат околу референдумот, во зависност од тоа дали тој ќе биде успешен или неуспешен. Тој не е сигурен, но се надева дека ќе се помине референдумскиот цензус и ќе излезат над 900000 гласачи. Според Ружин, ако не успее референдумот, одговорноста ќе треба да ја сносат претседателот Ѓорѓе Иванов и ВМРО-ДПМНЕ.

Има силна дипломатска булдожер дипломатија која е децидна дека граѓаните се пред историска одлука. Дали граѓаните, особено оние кои под влијание на опозицијата повикуваат на тивок бојкот ќе мора да ја носат моралната и граѓанската одгвоорност доколку референдумот не успее?

Во случај на неуспешен референдум, одговорноста политичка или морална ќе биде пред се насочена кон сите оние кои повикуваа на бојкот и критики на Договорот од Преспа секако доколку во следниве неколку дена не се сменат тоновите и го повикаат населението или членството да излезе на Референдум, независно како ќе гласаат. Тука би ги вброил раководните луѓе на ВМРО-ДПМНЕ, помалите политички партии како и Председателот Иванов. Во втората епизода на изјаснување а тоа се Собранието на РМ, одговорноста ќе им припадне на пратениците. Од начинот на нивното изјаснување, доколку пропадне Договорот од Преспа, и тие би требале да поднесат политичка и морална одговорност доколку народото масовно се изјасно за прифаќање на Рефередумот но не ја достигне бројката на цензусиот. Моралната одговорност но и негативните консеквенци од хаосот кој би се случил во евентуално отфрлање на Договорот би ја почуствувале сите граѓани на Република Македонија. За да се почуствува таква одговорност потребно е да се поседува морален кредибилитет.

Референдумот е консултативен, дали следен конечен чекор е на Собранието?

Доколку не се достигне цензусот од 50% од гласачкото тело плус 1 , тогаш ќе се гласа во Собранието за промените на Уставот за 2/3 мнозинство. Но ако Референдумот успее, пратениците се должни да гласаат за промените.

Што доколку опозицијата и таму не даде зелено свето?

Во тој случај и самата ќе се поништи, бидејки оној силен политички свет што ја посети Република Македонија е големо признание но и одговорност за Владата. Владеачката но и опозиционата страна. Доколку Македонија и опозицијата каже “НЕ“ и заради нив Референдумот да пропадне ќе биде знак дека наместо овие Западни сојузници, опозицијата и покрај изјавите ги предпочитува другите опции кои се спротивни на ЕУ и НАТО. Тогаш опозицијате ќе треба да ги бара своите сестрински партии на Исток и кон Азија

Кои се вашите очекувања, може ли да се постигне високиот праг од над 900 000 гласачи?

Се надевам дека ќе се постигне прагот.

Зошто власта отиде на овој чекор кога можеше и постапката да ја води преку законодавниот дом?

Тоа беше одлука и ветување на СДСМ и Зоран Заев. Тој си стои на дадениот збор. Освен тоа така е и почесно, но и се развива идејата и знаењата за НАТО за ЕУ но и за позитивните страни на Договорот од Преспа. Во Република Македонија сега е во тек една голема дебата за значењето на Договорот, и какви бенефити ќе и донесе на Република Македонија и на граѓаните, членството во НАТО и во ЕУ.

Kои ќе бидат постреферендумските сценарија за иднината на земјава кон ЕУ и НАТО доколку успее или не успее референдумот?

Можни се три сценарија: Прво едно оптимистичко кое ќе значи стабилизирање на билатералните односи со Грција, добивање нов сојузник и стратешки парнер, стабилизиација и безбедност на границите и територијата, стабилизиација на регионот, конечно затварање на вековното “македонско прашање“ со членствто во НАТО и подоцна во ЕУ, економски , социјален и културен просперитет, валоризација на Република Македонија како држава членка на афирмираниот НАТО клуб од 30 држави, членство во ЕУ, итн. Второ сценарио е натамошна летаргија, безизлезност и безперспективност, можност за политичка дестабилизација, лоши односи со соседите, враќање на авторитаризмот и груевизмот, забегување во историјата, автархија и победа на националистичките “патриотски“ сили. Третото е црно сценарио, меѓуетнички тензии, федерализација, економска пропасат, свртување кон Русија и Кина, оддалечување од НАТО и ЕУ, загрозување на демократијата и слободата на медиумите, политички прогонства, апсења, дестабилизација на државата, безбедносни предизвици, дезорганизација на системот.