Универзитетскиот професор Нано Ружин смета дека таканаречениот „Патоказ“ за надминување на македонско-бугарскиот спор е документ кој ќе биде само про-форма и дека нема суштински да ги разниша нашите позиции во преговорите со Бугарија за отстранување на блокадата за започнување на преговори со ЕУ.
– Заев и по цена на својата политичка кариера е подготвен за компромис. Веќе е јасно дека преговорите не ги нарушуваат идентитетските и јазичните вредности на македонскиот народ. За реакцијата на Красимир Каракачанов пак би рекол „Си му дал на некоого кондури, сега тој прашува каде се врвките. Сметам дека до сега е направен голем исчекор во преговорите, рече поранешниот амбасадор во НАТО во вестите на Канал 5.