Министерството за култура, деновиве објави оглас во кој се бара психолог да биде вработен како виш соработник за изготвување документи за реализација на проекти од национален интерес од областа на литературата и издавачката дејност, во Одделението за литература и издавачка дејност – сектор за издавачка дејност.
Огласот е на определно време, а дискутабилен е поради тоа што објавената квалификација за тоа работно место не е соодветна за позицијата.
Инаку претходно Министерството за образование објави оглас каде за помлад соработник за јавни набавки бараат кинезиолог.