Македонија 01. март 2019. / 11:17

Намалени водостоите на реките во цела Македонија

Намалени водостоите на реките во цела Македонија

Четири пати пониско од просекот за март е нивото на реката Црн Дрим кај Ложани, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Понизок водостој од вообичаениот имаат и останатите реки во Републикава. Според УХМР, тројно пониско е нивото на Вардар кај Јегуновце, Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка и Бабуна кај Богомила.

Нивоата на Дојранското, Охридското и Преспанското Езеро се речиси во рамки на мартовскиот просек.