Македонија 17. ноември 2020. / 09:38

Намалена казната на Поповски од 9 на 5 години

Намалена казната на Поповски од 9 на 5 години

Наместо девет, пет години затвор за поранешниот шеф на набавки во МВР Ѓоко Поповски, одлучила скопска Апелација.

Со оваа одлука на Апелација, и пресудата за предметот “Триста” станува правосилна, па Поповски место 4,5 плус 9, ќе лежи во Идризово 4,5 плус 5 години, вкупно 9,5 години затвор.

Поповски е осуден за злоупотреба на службената положба и овластувањата во предметот на СЈО „Триста“. Според обвинението го оштетил буџетот со 454.000 евра и треба да ги врати парите во МВР.