Маршот на Владата за правда индиректно значи и неуспех на реформите во судството. Ова го оценува правникот Александар Наков, за Алсат.
Тој вели дека власта имала доволно време да ги спроведе соодветните мерки за подобрување на состојбата во судството во врска со барањата на граѓаните и меѓународните препораки. Според Наков, овој марш докажува дека самата Влада е виновна за ситуацијата во судството, покрај судиите и обвинителите.
Наков додава дека овој чин на власта е еден вид предвреме да се спречат реакциите на опозицијата, којашто според него, има доволно аргументи за од Владата да бара одговорност за судските реформи.
На вчерашниот марш претседателот на СДСМ, Зоран Заев, им порача на судиите, обвинителите и поротниците дека по донесувањето на Законот за јавното обвинителство сега е време да ја докажат правдата, посочувајќи дека отсега тие се оние кои ќе треба да ја извадат правдата на виделина.