Дали поранешната специјална обвинителка Катица Јанева ќе излезе од затворот Шутка и ќе замине во домашен притвор, ќе се знае најверојатно утре за кога според најавите Јавното обвинителство ќе даде мислење на надополнетата жалба на нејзиниот адвокатски тим кој смета дека со завршената истрага отпаѓа можноста за влијание врз доказите па очекуваат судот да ѝ го укине притворот и да ѝ определи поблага мерка, објави Канал 5.
–Ја надополнивме жалбата со известувањето за завршена истрага со што сметаме дека отпаѓа точката за влијание врз докзаите па оттаму очекуваме поблага мерка. Понатаму стратегијата за одбрана ќе ја подготвиме во договор со клиентот. А од утре ќе продолжиме да вршиме увид во доказите на Обвинителството меѓу кои се и оние прибавени со ПИ мерки – вели адвокатот Дељо Кадиев за Канал 5.
Освен исказите на обвинителите Лиле Стефанова и Бурим Рустеми се и снимките кои веќе ги виде јавноста. Од ПИ мерки според извори во истрагата се користело следење на Јанева и тоа десетина дена пред да биде уапсена. Неделава увид во доказите најверојатно ќе направи и осомничениот Зоран Милески Кичеец кој веќе е во домашен притвор.
Екс шефицата на СЈО Катица Јанева веќе втор месец е во притвор како осомничена во случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба.