Македонија 04. ноември 2020. / 09:06

Најмногу починати во еден ден од почетокот на пандемијата во Македонија

Најмногу починати во еден ден од почетокот на пандемијата во Македонија

Вчера во државата беа регистрирани нови 913 случаи со Ковид-19 од 2731 тестирање и 24 починати пациенти, најмногу од почетокот на епидемијата.

Тие се на возраст од 37 до 82 години и со нив досега вкупно 1049 луѓе од земјава ја загубија битката со вирусот.

Вкупниот број заразени достигна  33 908, а оздравени се 21 665. Активни се 11 194 случаи, од кои речиси половина (5304) се во Скопје.  Меѓу 913-те новозаразени,  исто така, најмногу се во главниот град (459). Висок е бројот и во Велес (79) и Прилеп (78), а двоцифрени нови случаи имаат и Тетово – 44, Охрид – 37, Битола – 33, Струмица – 26, Куманово – 25, Кавадарци – 24, Штип – 18 и Струга – 11.

Владата вчера на седница ги усвои новите мерки со цел да се спречи ширење на заразата. Угостителските објекти, вклучително и тие што се на бензинските пумпи, нема да работат по 21 часот. Исклучок се угостителските објекти на ТАВ-аеродромите во Скопје и Охрид, хотелските ресторани за гостите кои се сместени во хотелите, како и доставата и шалтерската продажба на храна.

Усвоени новите мерки, Владата со препорака: После 21:00 часот граѓаните да не се движат на јавен простор