Македонија 13. јуни 2020. / 14:39

Најлош ден во корона кризата – над 200 новозаразени?!

Најлош ден во корона кризата – над 200 новозаразени?!

Денеска веројатно е и најцрниот ден во корона статистиката во Македонија. Според неофицијални информации, што ги објави „Нетпрес“, бројот на новозаболени од Ковид 19 денеска е над 200, а од нив околу 81 се регистрирани во Скопје.

Ова е најголема дневна бројка одпочетокот на епидемијата на корона вирусот во Македонија. Вчера беа регистрирани 164 новозаразени со Ковид-19 и двајца починати, завчера беа регистрирани 175 случаи, а рекордот на дневно ниво беше забележан на 5 јуни со 180 случаи.

Во изминативе пет дена во државава беа направени 4.733 тестирање, а 678 граѓани добија позитивни резултати за Ковид-19. Како резултат на вирусот изминатите пет дена има 18 смртни случаи.