Македонија 12. април 2020. / 14:44

Најголем дел од починатите од корона во Македонија се на возраст од 60 години

Најголем дел од починатите од корона во Македонија се на возраст од 60 години

Од регистрираните смртни случаи во земјава како последица на корона вирусот, најголем дел се на возраст над 60 години, вкупно 22 лица, каде е регистриран највисок морталитет, дури 5,7 лица на 100.000 жители, информираат од Институтот за јавно здравје.

Заклучно со вчера, од починатите, кај 26 се регистрирани коморбидитети, односно придружни болести покрај главната болест, а 19 лица имале контакт со веќе потврден случај на Ковид-19.

Во однос на коморбидитети, кај 209 лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 147 лица имаат кардиоваскуларна болест, 42 лица се со хронична белодробна болест, 42 со дијабет, 12 со хронична бубрежна болест и 29 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 89 се присутни коморбидитети.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на Ковид-19. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со во нашата земја изнесува 828 лица. По градови, Скопје 15, Куманово 18, Прилеп 14, Тетово 2, Струга 10, Велес 6, и Битола, Гостивар и Кочани по еден новозаразен.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека Дебар, Скопје и Куманово се во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата), додека останатиот дел од Републиката  е во фаза 3 (локализирана трансмисија).