Македонија 29. јуни 2020. / 16:10

Најцрн биланс на жртви досега: 12 луѓе починаа од Ковид-19

Најцрн биланс на жртви досега: 12 луѓе починаа од Ковид-19

Во изминатите 24 часа има најголем дневна број на починати. Дури 12 пациенти ги загубиле животите како последица на вирусот.

Од починатите 12 лица, пет пациенти се од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар.

Во изминатото се направени 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи на Ковид-19 во:

-Скопје 57
-Куманово 10
-Дебар 1
-Штип 13
-Прилеп 7
-Тетово 19
-Струга 3
-Велес 4
-Битола 1
-Охрид 5
-Кавадарци 1
-Гостивар 6
-Пробиштип 2
-Свети Николе 2
-Ресен 1