Македонија 30. март 2019. / 11:04

Најчевска не се откажува од желбата да стане балерина!

Најчевска не се откажува од желбата да стане балерина!

Професорката Мирјана Најчевска се чини не сака да се откаже од желбата да стане балерина. Во најразлични перформанси за време на шарената револуција таа глумеше балерина, сега, коментирајќи можни кандидати за министри за култура, таа вели дека може да стане балерина, доколку тие можат да станат министри.

-Ако, Аднан Џаферовски, Цветанка Ласкова и Едмонд Адеми се најдобриот избор за министер за култура, тогаш јас ќе барам платен настап како балерина во Народниот театар. Јас секогаш ќе бидам подобра балерина отколку тие министри за култура (па и за било што ако веќе станува збор за квалитети, вештини, знаење и способност), напиша на својот Фејсбук профил активистката Мирјана Најчевска по информациите што протекоа во јавноста за тоа кои се потенцијалните кандидати за нов министер за култура.