Во дебатата на телевизија 24 учествуваше и професорката Мирјана Најчевска која рече дека вакви лица како Бојан Јовановски треба да се стимулираат да ги посочат политичарите кои се корумпирани.
Ако политичар за ваква работа не ја говори вистината мора да сноси политички последици и одговорност, рече Најчевска.
Адвокатот Сашо Дуковски пак истакна дека во официјалните списи стои дека Орце Камчев го пријавил „Рекет“ и тоа го потврди и Рускоска, а Заев вели дека тој го сторил тоа, па дај нека се договорат кој навистина го сторил тоа.