Македонија 04. јуни 2019. / 22:09

Најчевска: А баби како мене смеат да навиваат за Вардар, и оние кои гласаа на референдум за Северна Македонија?

Најчевска: А баби како мене смеат да навиваат за Вардар, и оние кои гласаа на референдум за Северна Македонија?

Професорката Мирјана Најчевска на својот профил прашува неколку прашања:

-Дали им е дозволено на Албанците граѓани на Северна Македонија да бидат навивачи на Вардар? А на комуњарите? А на атеистите?

А на тие кои не веруваат дека потекнуваме од Аце таткоувиетот? А Турците од Република Северна Македонија, може? А тие кои гласаа на референдум за Северна Македонија, смеат да бидат навивачи на Вардар?

А баби како мене смеат да навиваат за Вардар, или само дедовци? Да прашам Да не има некаде некој правилник.

И кои сте бре вие самонаречени Комити (кои немате врска со комитите и кои само го валкате историското значење на овој поим) да кажувате кој е навивач, а кој не? И кој смее да биде на плоштад а кој не. Ајде бре сиктер багро неписмена.