Македонија 27. февруари 2021. / 15:22

Над 80.000 членови го ажурирале своето членство во СДСМ

Над 80.000 членови го ажурирале своето членство во СДСМ

СДСМ го заврши процесот на реевиденција и активна регистрација на членството усешно и во духот на демократските процеси.

Над 80.000 членови се ажурирани, што значи дека семејството на македонските социјалдемократи, СДСМ, има над 80.000 членови, истакна денеска генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, додавајќи дека социјалдемократското семејство е доволно големо и силно да го продолжи напредокот.

-Овој процес на промени го заокружуваме на 21 март кога ќе се одржат првите внатрепартиски неспосредни избори, каде секој член ќе може да гласа за новиот претседател на СДСМ. На 21 март СДСМ ќе постави уште еден нов стандард на партиското делување, преку организирање на внатрепартиски избори ширум републиката. Тоа врв на демократијата, тоа е значаен храбар чекор кој треба да послужи како пример за останатите политички партии во државата и да допринесе за развој на демократијата, истакна Николовски.