Македонија 10. јули 2020. / 13:24

Националниот ромски центар ќе ги набљудува изборите

Националниот ромски центар ќе ги набљудува изборите

Националниот ромски центар се приклучи на странските и домашни набљудувачи во соработка и овластување од Државната изборна комисија за набљудување на предвремените парламентарни избори, информираа денеска надлежните од здружението.

– Овие избори треба да бидат фер и демократски, самата ситуација во државата и светот наложува одговорност, хуманост, човечност за да се врати достоинството и доверба на секој граѓанин кон институциите, а најповеќе кон политичарите, изјави извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски.

Националниот ромски центар поради здравствената ситуација во државата започна да ги набљудува изборите процеси пред денот на изборите, на самиот ден на изборите, почитувајќи ги сите мерки за заштита и протоколи кои ги налагаат здравствените институции. Најголемо внимание Центарот ќе посвети во ромските населби и изборни места. Оттаму информираат дека ќе спроведат и едукативна кампања за начинот и правилата на гласање со примена на искуства од европски изборни модели.

– Со надеж дека граѓаните пред сè бараат правда, еднаквост, сигурност, безбеден и стабилен и просперитетен живот. Без оглед на верска, национална, полова припадност НРЦ очекува Ромите да си го остварат правото на глас без притисок и манипулации, а по изборите да не бидат заборавени и изолирани од сите политичко-економски и образовни процеси, вели Елезовски.