Средба со конгресменот Адерхолт Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев за време на својата посета на САД се сретна со Џејмс Карафано, директор на Херитиџ центарот за надворешна политика и заменик директор на Дејвис институтот за надворешна политика.
На средбата Ѓорчев го запознал соговорникот со актуелните состојби во Македонија, политичкиот прогон, секојдневните закани врз опозицијата, притисоците врз медиумите, инстументализацијата на судството и влошената економска ситуација. Херитиџ фондацијата ќе продолжи со интерес да ги следи состојбите во Македонија, како и случувањата во поширокиот регион на Балканот и Европа. Херитиџ фондацијата е меѓу водечките тинк тенкови во САД, покривајќи ги областите од внатрешната политика и економијата, до надворешната политика и одбраната.
Во Конгресот на САД Ѓорчев се сретнал и со конгресменот Роберт Адерхолт. На средбата станало збор за актуелнита политичка состојба во Македонија, а конгресменот Адерхолт е долгогодишен пријател на Македонија и познавач на состојбите. Ѓорчев остварил посета на Фокс Њуз, најгледаната кабелска телевизија во САД. За време на посетата Ѓорчев имашел можност да се запознае со начинот на нивната работа во Вашингтон и нивното покривање на политичките настани.