Македонија 25. јануари 2020. / 22:32

На затворена група на „Телеграм“ се споделуваат фотографии од малолетни девојчиња – БЈБ отвори истрага

На затворена група на „Телеграм“ се споделуваат фотографии од малолетни девојчиња – БЈБ отвори истрага

Преку затворена група на социјалната мрежа Телеграм со наслов „Јавна соба“, македонски средношколци споделуваат и коментираат на интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од земјава, најчесто нивни врснички.

Радио МОФ објави дека реагирале средношколци кои пристапиле до групата, и појасниле дека дел од сликите кои се објавуваат и коментираат се преземени од отворени профили. Сепак, додаваат дел биле испратени преку приватни пораки, но потоа се нашле во „Јавна соба“ на Телеграм. Најголемиот дел им припаѓаат на малолетни девојчиња.

– Ова е група во која се споделуваат фотографии од малолетни девојчиња, од 12, 13 години и малку поголеми. Фотографиите се преземени не само од отворени Инстаграм профили туку и од приватни пораки меѓу двајца соговорници ( девојчиња кои претходно испратиле приватни интимни фотографии до свои пријатели).

Во оваа група може да се пристапи со лажен профил, па во неа веројатно има и возрасни лица – напиша на својот фејсбук профил Тамара Ќупева.

По ваквите реакции за оваа група, истрага отвориле во Биротот за јавна безбедност.

– Во врска со затворена група на „Телеграм“ во која средношколци споделуваат експлицитни фотографии од свои врсници, Бирото за јавна безбедност веднаш започна истрага за мотивите и целите на формирање на оваа група. За сите детали и наоди јавноста ќе биде известена, а против прекшителите на законот ќе се поднесат соодветни поднесоци – напиша дополнителната заменичка министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска.