Информацијата за отворени податоци, предложена од Министерството за информатичко општество и администрација, беше усвоена на денешната седница на Владата.
Отворените податоци се достапни во компјутерски обработлив формат, кои може да се користат слободно, да се споделуваат, да се редистрибуираат и да се реискористуваат од секого и секаде и за секоја цел.
Во согласност со информацијата, секоја институција податоците што ги произведува треба да ги стави на располагање на јавноста и да ги користи секој што има потреба од тоа.