Македонија 13. март 2020. / 11:01

Судење за „Рекет“: На трансакциската сметка на Катица Јанева има и уплата од Владата

Судење за „Рекет“: На трансакциската сметка на Катица Јанева има и уплата од Владата

Одбраната на Катица Јанева почна со презентација на материјалните докази во случајот „Рекет“.

Најнапред беше пуштена емисија од 1 ТВ во која Јанева говори за одредување на мерката куќен притвор.
Таа сметала дека мерката куќен притвор треба што помалку да се одредува доколку осомничените соработуват со истрагата и дадат гаранции дека нема да бегаат.

Сепак, тоа што предизвика најголемо внимание во Судот е изводот од нејзината трансакциска сметка во НЛБ банка од 1.9 2018 до 1.9 2019 година, на која се гледа дека Јанева покрај платата, на 5.7 2019 година имала и уплата од Владата.

Адвокатот Дељо Кадиев не наведе за што се однесува уплатата од Владата на личната сметка на Јанева.