Македонија 02. јуни 2020. / 14:16

На точката на Заев, Мицкоски додаде уште две точки и реченицата не е завршена

На точката на Заев, Мицкоски додаде уште две точки и реченицата не е завршена

На точката на Заев јас додавам уште две точки да не заврши реченицата, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната средба со новинарите.

Заев вчера стави точка на датумот 5 јули за одржување на парламентарните избори.

Мицкоски потенцираше дека моментно нема канали на комуникација меѓу партиите, но додаде дека од првостепено значење е да се спречат натамошните жртви и да се намали бројот на новозаболени од корона вирусот.

-Во моментов е бескрупулозно да се зборува за било какви датуми за избори. Додадов уште две точки, па да видиме како ќе се одвиваат работите. Ако ДУИ и Заев ги интересира нашиот став, ние сме тука. Ние сме секогаш за компромис и подготвени сме да разговараме, изјави Мицкоски.