Македонија 10. јуни 2020. / 14:35

На штипското Инфективното одделение 86-годишен маж почина од Ковид-19

На штипското Инфективното одделение 86-годишен маж почина од Ковид-19

Битката со коронавирусот ја загуби 86-годишен маж, кој беше хоспитализиран на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип. Тој е прв пациент кој почина на ова одделение. Претходно двајца пациенти од Штип починаа на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Во соопштението од Клиничка болница-Штип се наведува дека 86-годишниот маж починал утрово во 7.30 часот. Бил болен од коронавирусна инфекција и двострано воспаление на белите дробови.

-На одделението за Инфективни болести беше примен на 26 мај, со оглед на возраста имаше и коморбидитети. И покрај преземените тераписки мерки, според протокол за лекување на тие пациенти, следеше влошување на здравствената состојба, која заврши со лош исход, стои во соопштението од Клиничка болница-Штип.

На ова одделение денеска се лекуваат вкупно 21 пациент, од кои четвторица се со повремена кислородна поддршка.