Македонија 12. март 2020. / 08:55

На „Рекет“ ќе се покажуваат фотографии од гардеробата на Боки на социјалните мрежи

На „Рекет“ ќе се покажуваат фотографии од гардеробата на Боки на социјалните мрежи

Денеска во Кривичниот суд продолжува случајот „Рекет“.

Според најавите на одбраната, во судот ќе бидат прикажувани фотографии од гардеробата на Бојан Јовановски на социјалните мрежи. Намерата е да се докаже дека таа потекнува многу пред да биде поднесено обвинение против него.

Обвинителството, пак, сака да го докаже спротивното, односно дека скапите парчиња се купени од „рекетот“.

За утре, пак, е најавено да почне сослушувањето на сведоците на Катица Јанева. Според најавата на нејзините адвокати, сведоците во најголем број ќе бидат обвинители од поранешното СЈО.