Македонија 27. септември 2018. / 10:10

На полноќ завршува кампањата за референдумот

На полноќ завршува кампањата за референдумот

Јавната пропаганда за референдумот што ќе се одржи на 30 септември завршува вечерва на полноќ. Денеска треба да завршат сите активности на учесниците во кампањата. Од полноќ започнува молк.

Коалицијата „Излези ЗА европска Македонија“ вечер завршен собир има во Тетово, движењето Беса во скопски Чаир, а прес-конференции најавија Алијансата на Албанците. Прес-конференција ќе одржи и координативното тело против референдумот при Светскиот Македонски конгрес кое повикува на бојкот на референдумот.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера извести дека кампањата „Твој став, твое право“ на Државната изборна комисија, како кампања од јавен интерес не спаѓа во јавната пропаганда за референдумот и може да се емитува и во петок и во сабота иако веќе ќе биде молк пред референдумот.

Според Роковникот на ДИК молкот пред референдумот започнува 48 часа пред одржувањето на референдумот.