Владите во Скопје и Тирана треба да ги исполнат поставените услови за да започнат преговори за членство со ЕУ, кои се однесуваат на реформите во судството, администрацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал.
„Процесот допрва почнува, претстои многу работа, а заклучокот на Советот за двете држави е поврзан со услови кои се однесуваат на владеење на правото, продолжување со реформите во судството, на администрацијата, борбата против организираниот криминал“,рече Бугарската министерка за надворешна работа Екатерина Захариева.